Усик тврди дека Фјури само си поигрувал со Нгану: Неговиот план бил да ме замае и да ме смири

Александар Усик сè уште верува дека Тајсон Фјури само си поигруваше со Френсис Нгану за да го наведе во лажно чувство на сигурност пред нивната борба за титулата во тешка категорија.

Мечот меѓу Усик и Фјури требаше да биде договорен за 23 декември, но по неодамнешната борба во која Кралот на Ромите го победи поранешниот шампион на УФЦ со поделена одлука, мечот за обединување на појасите е одложен за февруари следната година.

Никој не предвидуваше дека ММА борецот во боксерското деби на крајот на октомври во Ријад ќе му зададе тешкотии на ВБЦ шампионот.

Нгану воодушеви со својот настап, па дури го испрати Фјури во нокдаун во третата рунда. Поранешниот шампион на УФЦ ги издржа сите десет рунди против Џипси Кинг, но на крајот загуби.

Поранешниот апсолутен шампион во крузер категорија, Александар Усик, моментално ги има титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ.

Во своето последно интервју за ТНТ Спорт бокс Усик истакна дека сè уште верува оти Фјури боксирал под неговото ниво само за да го измами пред големата борба.

„Ми се чини дека планот на Тајсон беше да ме замае и смири. Но, разбирам дека ќе треба да работам многу напорно во рингот за да победам“, ​​изјави Усик и откри што му рекол на Фјури во рингот по борбата со Нгану:

„Другар, сега ти треба вистински одмор“.

Да се ​​надеваме дека сите патишта сега водат до првата неприкосновена борба во тешка категорија по повеќе од дваесет години, а најверојатниот датум е февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON