Македонскиот воин Даниел Стафеновски на 14 февруари се враќа во рингот

Даниел Стефановски најави нова борба 14 февруари идната година.

Македонскиот воин во објавата на Фејсбук ненаведе против кого и каде ќе се бори.

Веројатно борбата ќе биде дел од Гладијаторс во Швајцарија.

Во последната борба на поечтокот на септември Стефановски извојува убедлива победа против Гркот Киријадикис од 3-0 на настанот Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијатаво К-1 во Цирих, Швајцарија.

Македонскиот воин забележа еден нокдаун во втората и два во третата рунда, така што неговата победа не беше во прашање.

Претходно Даниел  ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО