АктуелноБоксДомашна сцена

Македонија со четири боксери на Златниот гонг

Македонската репрезентација на 52. Меѓунарден боксерски турнир „Златен гонг“ ќе настапи со четири боксери. За Македонија ќе настапат: Петар Арсовски 60 кг, Дион Лена 63.5 кг, Алим Насуфи 71 кг и Филип Новаковски 86 кг.

На Златниот гонг во Скопје се пријавени 52 боксери од 12 држави.

Покрај нашите репрезентативци на „Златен гонг“ ќе настапат боксери од: Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.

Полуфиналните борби се во сабота со почеток во 15:30 часот, а финалните се во недела во 15 часот.

За прв пат турнирот ќе се одржи без неговиот основач Живко Дуковски кој почина на 22 јануари годинава.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON