АктуелноБоксПрофесионален

Усик: Трилогија со Тајсон Фјури е во план

Непоразениот 39-годишен Украинец Aлексанaдр Усик, актуелен шампион во тешка категорија на ВБА, ВБЦ; ИБФ и ИБО, објасни под кои околности би одбил трилогија со Тајсон Фјури.

Усик успеа двапати да го победи Фјури, што го направи неприкосновен шампион во тешка категорија. По поразите, Фјури објави дека ја завршува кариерата. Сепак, ова не траеше долго и Тајсон се врати на боксот. Порано овој месец Тајсон го победи Арсланбек Махмудов со одлука на судиите и ја прекина серијата од два порази што му ја нанесе Усик.

„Ромскиот крал“ сака да се бори со Ентони Џошуа и тоа веројатно ќе се случи оваа година. Усик, пак, се подготвува за борба со Рико Верховен во мај. Александар не се откажал од трилогијата со Фјури и е подготвен да се откаже од неа, но само под еден услов.

„Не, мојот план не се промени откако Фјури се согласи да се бори против Џошуа. Сè останува исто и трилогијата со Тајсон Фјури е во плановите. Мојот план е ист. Ќе имам уште три борби пред да се пензионирам. Знам што сакам. Иако работите сега се малку покомплицирани. Разбирам дека Тајсон сè уште не потпишал договор со Еј Џеј. Сепак, ако Џошуа и Фјури потпишат договор за борба, ќе се повлечам затоа што сакам Ентони да го победи Тајсон. Освен тоа, Тајсон имаше само загревачка борба. И би било фер и Ентони да имаше една“, рече Усик, цитиран од Дејли меил.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON