Усик: Тајсон Фјури се плаши од мене

Украинскиот боксер Александр Усик верува дека шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури се плаши од него.

Фјури веќе објасни зошто не сака да се бори со Усик. „Ромскиот крал“ објави дека се пензионира откако во април го победи сонародникот Дилиен Вајт. Тајсон верува дека нема што повеќе да докажува и е категоричен дека нема да има враќање.

Од друга страна, Усик сега се подготвува за реванш со Британецот Ентони Џошуа. Борбата ќе се одржи на 20 август во Саудиска Арабија. Во првата борба Украинецот победи со едногласна одлука.

Неодамна Тајсон изјави дека може да се врати, но за сума која никој нема да му ја даде. Усик е подготвен да се бори со Фјури, но гледа страв во живата легенда.

„Тајсон вели дека не сака да се бори со мене бидејќи не сум на негово ниво. Тоа го кажува затоа што се плаши од мене.

Сакате да се вратите за 500 милиони фунти? Кој ќе му ги даде? Сакам и 500 милиони фунти“, изјави Усик за ИФЛ ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО