Усик се уште неги добил парите од борбата со Џошуа

Александар Красјук, менаџерот на шампионот на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, Александар Усик, тврди дека неговиот борец се уште ги чека парите од борбата со Ентони Џошуа.

Тие се бореа на крајот на септември, при што Усик успеа да доминира над него и да победи со судиска одлука. Александар е поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија и е многу блиску до ова ретко достигнување во тешка категорија.

За жал, Џошуа има клаузула за реванш што веднаш се активира и не можеме да видиме борба помеѓу Усик и Тајсон Фјури за неприкосновен шампион. Красјук во интервју за руските медиуми изјави дека Усик се уште ги чека парите од борбата.

„Никој не го погоди хонорарот на Александар. Сите бројки што поминаа во печатот се претерани. Ниту една од сумите нема врска со реалноста. Александар сè уште не добил хонорар за борбата.

Во рок од два месеци од првата битка се врши целосна исплата за сите ППГ-а, а дури потоа се пресметува и исплаќа платата“, рече Красјук.

Втората битка меѓу Усик и Џошуа се очекува да се одржи во март или април 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО