Тајсон Фјури: Ќе го прегазам Александар Усик како камион

Живата боксерска легенда во тешка категорија Тајсон Фјури се закани дека ќе го прегази колегата Александар Усик. Џипси Кинг ја има титулата на ВБЦ во тешка категорија, а Усик ги држи преостанатите 4 појаси.

Многу навивачи сакаат конечно да гледаат борба за обединување на појасите во тешка категорија, но за жал Ентони Џошуа ја активираше клаузулата за итен реванш со Усик. Оваа година Александар се пресмета со Џошуа и го симна од тронот.

Фјури, пак стави крај на пресметките со Дионтеј Вајлдер и повторно го нокаутира во нивната трилогија. Во еден од неговите последни настапи за медиумите Тајсон изјави што е следно за него и му се закани на секој иден ривал.

„Не ми е гајле со кого ќе се борам. Ќе се согласам да се борам со овој мал крстосувач и добро да му удрам шлаканица. Ќе го прегазам како камион, како со Дионтеј Вајлдер. Потоа ќе го превртам и повторно ќе го прегазам.

Ќе го направам тоа со него. Малку е тврд.Кога пак ќе се борам? Во февруари или март, ова е точно еден милион проценти. Во спротивно, ќе ги отпуштам сите мои промотори и ќе создадам сопствена промотивна организација.

Името ќе биде „Џипси кинг, тоа е сигурно. Што и да се случи, ќе се случи. Не ми е гајле, бидејќи сите тие само тренинг за мене, ќе го уништам секој човек што ќе застане пред мене“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО