„Усик се покажа како најголемиот боксер во модерната историја“: Кличко горд на сонародникот и изрази почит кон Фјури

Не е чудно што срцето на Кличко е полно поради големиот успех на неговиот сонародник, но беше убав гест да се покаже почит и кон Фјури.

Ентони Џошуа, Кристијано Роналдо, Владимир Кличко… се дел од големите имиња кои синоќа од првите редови го следеа историскиот спектакл во Ријад. Натпреварот за апсолутниот шампион во тешка категорија ги оправда сите очекувања, а ние гледавме вистинска шаховска партија меѓу двајца од најдобрите тешкаши на денешницата.

На поранешниот светски шампион, Кличко, особено му е драго што неговиот сонародник Усик синоќа го постигна овој историски успех. Од него беше побаран коментар и по самиот меч, а како што може да се очекува, го пофали феноменалниот Усик:

„Оваа историска победа не е важна само за Александар Усик. Можете ли да замислите со каков притисок се справува овој човек во последните недели и денес во овој ринг? Поразот не беше опција за него. Тој веќе покажа дека е одличен во полутешка категорија, а она што ги изненади луѓето е што без разлика колку е голем Фјури, колку е тежок и колку е подвижен Фјури, Усик се покажа како најдобриот боксер во модерната историја“, рече Кличко за Скај спорт.

„Многу сум горд на Александар Усик и горд сум што сум Украинец. Капата долу, одличен настап на двајцата боксери. Изненаден сум како Фјури ја преживеа деветата рунда и на крајот донесе одлука. Почит и за него. Најважно е што Усик остана цврст и стана украински апсолутен светски шампион“, додаде тој.

Не е ни чудо што срцето на Кличко е исполнето поради големиот успех на неговиот сонародник, но беше убав гест да се покаже почит и кон Фјури. Со својот настап апсолутно го заслужи тоа без разлика на поразот и покажа дека заслужува да биде во оваа борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО