Усик се подготвува во теретана за реваншот со Џошуа (ФОТО)

Александар Усик напорно се подготвува за реваншот за светските титули на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО против Ентони Џошуа. Според последните податоци, нивната пресметака е закажана за 23 јули.

Украинецот на социјалните мрежи сподели фотографии од фитнес тренинзите кои ги прави. Шампионот пред извесно време доби дозвола од татковината да се повлече од воените дејствија и да ги започне подготовките за мега пресметката со Џошуа.

„Битка за победа“, напиша Усик на Инстаграм, додавајќи хаштаг: „Останувам со Украина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. Cat. Aleksandr (@usykaa)

Потсетуваме, Украинецот во последната професионална пресметка му ги одзеде шампионските појаси на АЈ. Ова се случи на боксерска гала одржана на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем на 25 септември 2021 година.

Александар Усик има биланс од 19 победи, од кои 13 се со нокаут. 35-годишниот Украинец е поранешен број 1 во полутешка категорија на ВБЦ, ВБА Супер, ИБФ, ВБО. Тој е олимписки шампион во полутешка категорија на Игрите во Лондон во 2012 година.

Џошуа во професионалната боксерска кариера има биланс од 24 победи и само 2 порази. Поразите се од Енди Руиз Јуниор во 2019 година и од Александар Усик. Тој, како и Усик, е олимписки шампион од Лондон во 2012 година, но во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО