Усик се испречува за епскиот дуел меѓу Џошуа и Фјури

Претседателот на ВБО федерацијата, Пако Валкарсел, стои меѓу очекувањата на љубиутелите на боксот, промоторите Еди Херн и Боб Арум, за обединувчкиот меч во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Валкарсле тврди дека Џошуа сега мора да влезе во рингот со украинскиот предизвикувач Александер Усик.

Популарниот Еј Џеј по повеќе од една година се врати во рингот за да го нокаутира Кубрат Пулев, предизвикувачот на ИБФ во деветтата рунда. Се веруваше дека сега следен на ред е Фјури, носителот на ВБЦ титулата во меч кој ќе донесе милиони за двајцата боксери.

ВБО планира прво да се оствари меч со Усик, кој минатиот месец го декласираше Дерек Чисора и дека промотерот на Џошуа, Еди Херн знаел дека тоа е неизбежно.

„Џошуа беше сензационален против Кубрат Пулев. За ВБО појасот, Еди Херн знае што значи посветеност, така што сега треба да се договориме“, напиша Валкарсел на Твитер.

Според него, веќе двапати се направил исклучок за Џошуа, прво за вториот меч со Руиз, а потоа со мечот со Пулев, но дека не се подготвени за уште еден исклучок, односно дека ќе му биде одземена титулата ако не боксува со Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО