Пулев бил заразен со коронавирусот

Набргу по поразот од Ентони Џошуа, Кубрат Пулев откри тајна што ја чуваше за време на неговиот тренинг камп за борбата со шампионот – Бугаринот бил заразен со коронавирус еден месец пред мечот – во еден од најважните моменти за неговите подготовки.

Тој немаше компликации, но мораше да престане со сите вежби и спаринзи во клучниот момент од кампот.

„Бев со коронавирус и три недели без тренинг. Не се оправдувам – јас сум виновен. Не сакав никој да разбере. Таква е ситуацијата. Сега сум добро, сè е одлично”, изјави Пулев за БТВ.

Стана јасно дека тренерот на Пулев, Ули Вегнер, исто така има коронавирус, но тој имаше компликации и затоа не можеше да патува со него и да биде во аголот на Бугаринот во Лондон.

Битката меѓу Џошуа и Пулев заврши во 9-та рунда со нокаут по серијата аперкати на Џошуа кои завршија со брутална десница.

Следната битка за Англичанецот е против сонародникот Тајсон Фјури.

За Пулев се уште не се објавени никакви идни планови, дури по битката изјави дека сака тешки предизвици и им се заблагодарува на сите за поддршката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО