Усик: Сакам борба со Белју! Не ме интересира во која категорија ќе е

Апсолутниот светски шампион во полутешка категорија Александар Усик (15-0, 11 КО) ја коментираше евентуалната борба со Британецот Тони Белју (30-2, 20 КО).

„Имам големи планови за иднината, но ако сакате да го натерате Бог да се смее, кажете му ги вашите планови. Реков дека кога ќе ги освојам сите појаси во категоријата, ќе одам во тешка категорија. Значи, веројатно, ќе се обидам во тешка категорија. Сега треба многу внимателно да се пристапи на тоа, да разговарам со компанијата и со мојот тим како да биде направен тој чекор, против кого да почнам, треба ли да останам во полутешка категорија и со кој друг да боксирам, зошто да го правам тоа, и дали има смисла? Сега не би сакал да дејствувам избрзано, да си одморам, да се опоравам и постепено да се ослободам од овој тежок тренинг камп, каде се растргнав и да продолжам со тренинзите што ги правев“, изјави Александар Усик.

„Во која категорија би требало да се бориме со Белју е прашањето, а кое треба да биде потавено на нашите менаџери и промотори. Воопшто не ми е гајле. Во полутешка категорија – тоа значи дека не треба да јадам дополнителна порција тестенини, ако е во тешка категорија – ќе јадам дополнителен дел макарони. Ми се чини дека во тешка категорија – генерално е одлично. Ова ќе биде мојот прв чекор во оваа тежинска категорија. Навистина ја сакам оваа битка. Тони зборуваше со почит кон мене и ги гледав неговите две борби со Дејвид Хеј, бев импресиониран од него. Во првата средба, веќе говорев за тоа, бев импресиониран од него, но поради некоја причина се сомневав во победата. Но, тој е силен човек и го докажува тоа, за втората борба нмеав никакви сомнежи“, додаде Алексанадр Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО