Мек Грегор се изјасни за виновен, ќе извршува општествено-корисна работа

Суперѕвездата на ММА, Конор Мек Грегор, се изјасни за виновен по обвиненијата за хулигански испади и напад на своите колеги во Њујорк во април. Тогаш го нападна автобусот во кој беше еден од потенцијалните следни ривали, Хабиб Нурмагомедов, фрлајќи магацинска количка, при што ги скрши прозорците на автобустот и притоа настрадаа тројца ММА борци.

Мек Грегор се изјасни за виновен и, како резултат на тоа, ќе има пет дена од општествено – корисна работа, како и терапија за искренување на гневот. Тој постигнал договор со обвинителството да не биде суден за престап и нема да лежи во затвор, а така неговото досие ќе биде чисто.

Мек Грегор има забрана да се доближува до настраданите борци Реј Борг и Мајкл Киеза до јули 2020 година, а ќе треба да плати и поправката на оштетениот автобус.

Според гласините следниот меч на Мек Грегор ќе биде на 6 октомври против шампионот во суперлесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО