Усик пред реваншот против Џошуа: Не се борам за пари или за некое признание

Aлександр Усик вели дека не се бори за парите кои му се нудат на реваншот против Ентони Џошуа кој во август ќе го предводи боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија.

Во борбата за шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија ќе се вртат најмалку 100 милиони фунти.

Но, Украинецот изјави дека парите не му се толку важни, а во рингот влегува затоа што ужива во спортот.

За време на прес-конференцијата истакна дека со гордост зборува украински јазик, додека промоторот ги преведуваше неговите изјави.

„Сè што правам во животот, начинот на кој живеам и начинот на кој се борам е нешто во кое уживам. Не се борам за пари или за некое признание“, нагласи Александр Усик.

Усик ќе го брани појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија.

„Многу луѓе сакаат признание, многу сакаат другите да се сеќаваат на нив, но мене тоа не ми треба. Не сакам да станам џин. Само си ја работам работата и ќе продолжам да ја работам додека ми чука срцето. Единственото нешто што сакам е да си ја спасам душата, а се друго што ми се случува е само живот“, изјави Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON