Дана Вајт: Џонс се враќа против Нгану или Миочиќ

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, истакна дека ѕвездата на организацијата и поранешен шампион во полутешка категорија (до 93 килограми), Американецот Џон Џонс е блиску до деби во тешка категорија. Живата легенда веќе 2 години не престанува да тренира за деби во горната дивизија.

„Коски“ е подготвен за борба, но се зависи од неговите ривали. Вајт рече дека опции се Френсис Нгану и Стипе Миочиќ. Нгану се опоравува од операцијата на коленото и планира да се врати на крајот на годината.

Миочиќ, пак, нема повреди, но нема извесност околу неговото враќање. Неодамна се шпекулираше дека ќе има привремена титула во тешка категорија. Стипе и Џон би се бореле за неа, но гласините остануваат.

Дана е категорична дека Џонс е подготвен и наскоро ќе се врати.

„Џон Џонс е подготвен да се врати. Чекаме да се дознае противникот. Ќе биде или Френсис Нгану, се ќе зависи од неговото колено или ќе биде Стипе Миочиќ.

Ќе биде интересно затоа што навистина верувам во влијанието на долгото отсуство од кафезот. Но, и покрај сите негативни работи што можете да ги кажете за Џон Џонс и неговиот личен живот, тој е најдобар.

Тој е без сомнение најдобар во историјата“, изјави Вајт за The Jim Rome Show.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diaz Twins MMA (@diaztwinsmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО