Усик повика: Мора да ја сопреме оваа војна (ВИДЕО)

Александар Усик, кој е светски шампион во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА Супер и ВБО, од говорницата на социјалните мрежи повика да се прекине војната меѓу Украина и Русија.

Поранешниот шампион во полусредна категорија и олимписки шампион во Лондон 2012 сподели видео порака.

„Драга Украинo, драги Украинци! Многу луѓе пишуваа дека сум избегал. Не. Бев по работа, но се вратив, сега сум дома. Пријатели, ни треба обединување. Бидејќи дојдоа многу тешки времиња, имам многу силни емоции. Силно доживувам сè околу мојата земја и нашиот народ. Пријатели, мора да ја запреме оваа војна! Мора да го направиме сето тоа заедно“, изјави Усик на своите профили на Фејсбук и Инстаграм.

Александар Усик се врати во Украина пред реваншот со Ентони Џошуа. Украинскиот шампион беше во Лондон за да се сретне со промоторот на Џошуа – Еди Херн за да разговара за датумот и местото за вториот меч со „Еј Џеј“, пишува англискиот  „Сан“.

Да потсетиме, минатиот септември големиот украински боксер постигна нешто што многу малку боксери го постигнаа – да ги освои светските титули и тоа кај најтешките, победувајќи го Ентони Џошуа во борба за шампионските појаси на ВБО, ВБА Супер, ИБФ и ИБО, откако претходно освои се во полутешка категорија.

Александар Усик има биланс од 19 победи, од кои 13 се со нокаут. 35-годишниот Украинец е поранешен број 1 во полутешка категорија на ВБЦ, ВБА Супер, ИБФ, ВБО. Тој е олимписки шампион во тешка категорија на Игрите во Лондон во 2012 година.

Неодамна стана познато каде и кога треба да се одржи реваншот меѓу Усик и Џошуа за светските титули во тешка категорија. Борбата првично требаше да се одржи во април на еден од двата стадиони – Вембли или стадионот на Тотенхем, но веќе се зборува за судир во мај, а според последните информации средбата може да се одржи во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО