Ломаченко се помоли за светски мир (ФОТО)

Васили Ломаченко повика на универзален мир. Украинската боксерска ѕвезда, двократен олимписки шампион и поранешен светски шампион во професионалци во лесна категорија, сподели молитва за мир на социјалните мрежи.

Тоа е израз на она што се случува во Украина, поточно нападот на Русија врз земјата.

„Молитва за светски мир и просветлување на народите на земјата.

Господи, дај му го својот мир на Твојот народ. Господи, дај им на Твоите слуги Твојот Свети Дух, да ги стопли нивните срца со Твојата љубов и да ги упати кон секоја вистина и добрина. Господи, дај им ја Својата благодeт, за да Те познаат во мир и љубов, и да љубат и да речат како Таворските апостоли: „Добро ни е, Господи, да бидеме со Тебе“. Стоплете ги тажните срца на луѓето; нека те фалат со радост, заборавајќи ги тагите на земјата. Добар Утешителу, со солзи Те молам да ги утешиш тажните души на Твојот народ. Сите Твои народи нека ја разберат Твојата љубов и сладоста на Светиот Дух, луѓето нека ја заборават земната тага и нека го остават сето зло и нека Тебе се држат со љубов, и нека живеат во мир, исполнувајќи ја Твојата волја за твојата слава, “ напиша Лома во својот профил на Инстаграм.

Еден од првите луѓе на кои им се допадна постот беше уште една украинска боксерска ѕвезда – Александр Усик, кој е актуелен светски шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО и поранешен доминантен во полутешка категорија меѓу професионалците. Усик е исто така олимписки шампион во тешка категорија од 2012 година на Игрите во Лондон.

Двајцата браќа Кличко, поранешни доминантни и легенди во спортот, први го коментираа нападот на Руската Федерација врз Украина.

Владимир Кличко изјави дека Украина е силна земја и ќе живее вечно! Неговиот брат и актуелен градоначалник на Киев, Витали Кличко изјави дека ќе ја брани Украина по секоја цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО