Усик напролет ја цели титулата на ВБО

Враќањето во рингот оваа пролет во шампионски меч изгледа е следната цел на Александар Усик.

И не тоа две одвоени цели, туку е план за неговата следна битка.

„Следниот дуел на Усик треба да биде во март или април“, изјави Алекс Красјук, директор на К2 Промоцијта во Украина.

Усик е обземен од тоа да стане шампион во две категории оваа година. Олимпискиот шампион од 2012 година и поранешен шампион на Украина влезе во новата година како задолжителен предизвикувач за титулата на ВБО, која е во рацете на Ентони Џошуа.

И Кубрат Пулев е задолжителен предизвикувач за титулата на ИБФ, кој исто така е во владение на Џошуа, а се очекува повторно да се сретнат оваа пролет.

Се очекува во наредните денови да се открие кој ќе победи на првиот шампионски дуел, затоа што Пулев и Џошуа треба до крајот на јануари да се договорат.

Без оглед на тоа што ќе се случи, тимот на Усик очекува следната борба да биде за титулата на ВБО со или без Џошуа.

„Ако следниот дуел на Усик не е со Џошуа, тоа значи дека шампионот треба да ја ослободи титулата. Тогаш ќе се бориме за испразнетото шампиоско место против најзаслужниот кандидат”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО