Вајлдер: Кому му е гајле за Дилиен Вајт, нека лае пудлицата

Дилиен Вајт е на врвот на ранг-листата на ВБЦ за предизвикувачи од 2018 година.

Федерацијата со седиште во Мексико го игнорира долго време, па дури и откако ја освои привремената титула шампион, борбата за појасот ќе мора да ја почека до 2021 година.

Затоа Јамајканецот ја користи секоја можност да го прзива шампионот Дионтеј Вајлдер заради избегнувањето.

34-годишниот Американец на 22 февруари во реваншот со Тајсон Фјури 11-ти пат ја брани титулата и вели дека нема време за кукањето на Вајт.

„Секоја пудлица има свој ден. Пудлиците не се опасни, па најчесто се пуштени со поводник. Ќе го оставиме без подводник уште некое време и ќе ја пуштам пудлицата да лае “, рече Вајлдер за Бокс војс.

„Никого не го е гајле за Дилиен Вајт. Дилиен Вајт дефинитивно не е битен во мојот живот во овој момент, но кога ќе дојде време подобро му е да внимава што бара“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО