АктуелноБоксПрофесионален

Усик и Дубоа само што не почнале – Околи, Лапин, Дакрес, Хамед… извојуваа победи

Мечот меѓу Усик и Дубоа е закажан треба започне по 22:30 часот, а можете да го гледате во живо на стриминг платформата ДАЗН, со цена од 19,99 евра за ППГ и дополнителни 14,99 евра за месечна претплата.

Во дуелите пред главната борба нема многу изненадувања.

Лоренс Околи го победи Кевин Лерена со одлука по десет рунди и го освои сребрениот појас во тешка категорија на ВБЦ.

Даниел Лапин (12-0, 4 КО) извојува тесна победа против Луис Едмондсон (11-1, 3 КО). По исцрпувачки десет рунди, Лапин има предност според судиските карти: 96-94, 96-94 и 95-95.

Соломон Дакрес (10-1, 3 КО) го победи Владислав Сиренко (22-1, 19 КО) и оствари убедлива победа. Судиите ја оценија во негова корист: 99-91, 98-92 и 99-92

Адам Хамед (6-0, 3 КО) го победи Езекиел Грегорис (3-25) со одлука на судиите.

Лаша Гурули (2-0, 1 КО) го победи Џејмс Франсис (7-2, 1 КО) во одличен настап, ова е негова втора победа во кариерата.

Одличниот Украинец влегува во овој дуел со резултат од 23-0 (14 нокаути) кој ја започна својата професионална кариера откако го освои олимпиското злато во 2012 година во Лондон.

Усик го победи Тајсон Фјури двапати минатата година, во борбата за титулата во тешка категорија во мај и во реваншот неколку месеци подоцна.

Украинецот ќе се обиде да ги обедини титулите во тешка категорија по втор пат за дополнително да го зацврсти своето наследство. Усик е исто така поранешен шампион во крузер категорија.

Дубоа е во фантастична серија победи по поразот од Усик, со прекини над Џарел Милер, Филип Хрговиќ и Ентони Џошуа. Ова е борбата на неговата кариера за Даниел.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON