АктуелноДомашна сценаММА
Три победи за ММА борците од Битола на настан во Грција

Тројца ММА натпреварувачи Нинџуцу килубот Битола вечерва забележаа победа на Октагон фајтинг во Грција, при што двајца од нив се бореа во полупрофесионална и еден во професионална ММА борба.
Победи со технички нокаут забележаа Игор Додевски,Трајче Мицевски и Ѓорги Таневски. Двајца ги завршија борбите уште во првата рунда, школски изработено, а Ѓорги Таневски во втората рунда.
„Таневски успеа да се победи самиот себе и се врати на два пати по два сериозни нокдауни со многу силен удирач од Грција и успеа да го заврши со одличен ГНП(ТКО), вели тренерот Сашко Мирчевски и додава:
„Продолжуваме напред. Следно веќе следен викенд ММА настан 27 јули во Кичево.



