Усик: Фјури многу зборува, но така разбирам дека му влегов под кожа

Александар Усик (21-0) и Тајсон Фјури (34-0-1) треба да го дадат следниот неприкосновен шампион во тешка категорија за три недели, што значи дека е време за психолошки војни. Британецот досега се покажа како вистински мајстор на оваа игра, но се чини дека Украинецот ќе биде првиот што нема да подлегне на негвоите провокации пред првиот удар во гонгот.

„Тајсон Фјури е тој што премногу зборува. Неговата цел е да ми влезе под кожа, но во реалноста разбирам дека влегов под неговата“, напиша Усик на социјалните мрежи, а пренесе ИФЛ ТВ.

Нивната средба е закажана за 17 февруари во Ријад, а наскоро очекуваме да ги видиме нивните последни медиумски настапи пред најважниот меч во нивните кариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО