Тренерот на Нгану тврди дека на Френсис ќе му биде полесно против Џошуа отколку што беше со Фјури

По одличното боксерско деби против Тајсон Фјури, Френсис Нгану го чека нов предизвик. Камерунецот на 8 март ќе се бори со поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа.

За многумина британскиот боксер е голем фаворит на тој меч, но има и такви кои веруваат дека Нгану има реални шанси, a дека со својата огромна сила може да му се закани на секој противник.

А доказ за тоа е мечот против Кралот на Ромите во кој без разлика на поразот остави одличен впечаток, дури во третата рунда го испрати шампионот на ВБЦ во нокдаун.

Тренерот на Нгану, Ерик Никсик, верува дека Френсис ќе биде уште подобар и подготвен да го шокира светот на боксот.

„Не сакам да изгледа дека Џошуа може полесно да биде нокаутиран од Фјури, но Еј Џеј стилски се совпаѓа со Френсис, кој лесно може да го пронајде. Тајсон одлично се движи, одлично се снаоѓа во аглите и одлично ги избегнува ударите. Токму затоа му реков на Френсис да го ограничи своето движење“ рече Ерик Никсик и продолжи:

„Верувам дека Џошуа ќе биде повеќе во опсегот на Нгану. Тој е дисциплиниран борец кој се крие зад предниот директ. Но, чувствувам дека на Френсис ќе му биде многу полесно. Нгану нема да има потреба да го брка околу рингот и да го скрати растојанието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО