Уште три сребра за Македонија на џиу џицу турнирот „Бања Лука опен“

Тимот на Македонија се закити уште со три сребрени медали на 14. Меѓународен џиу џицу турнир „Бања Лука опен“ во Босна и Херцеговина.

Македонија во генералниот пласман е осма со 7 медали – 3 злтани и 4 сребрени.

Медалите ги освоија:

Јаким Колевски (У16, -66 кг) – три победи – една изгубена борба со 7 натпреварувачи во категорија;

Зоран Колевски (У16, -50 кг) – три победи и една изгубена, 6-мина во категорија;

Ина Цакончевска (У12, -44 кг) – три победи и една изгубена, 6-мина во категорија.

И најмалиот на турнирот Марко Цакончевски извојува 2 победи и 3 порази во У-10 до 22 килограми, освојувајќи го 5-тото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON