Уште едно место за македонските борачите на Европските игри!

N

Македонија на Европските игри во Баку, Азербејџан, ќе добие уште едно место во борење слободен стил, ова денес е договорено на средбата со првиот човек на Обедниетото светско борење (ОСБ/UWW), Ненад Лаловиќ, и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и Чедо Николовски, претседател на Фадерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

Нашата Федерација имаше добиено три места во слободен стил и едно во грчко-римски стил, а сега соодносот ќе биде 4 +1.

Како што не извести Николовски, со Лаловиќ е договорено на ФБСМ да и донираат пет душеци за борење (струњачи) и сите македонски борачи да се подготвуваат во Светскиот центар за борење во Бугарија до Олимписките игри бесплатно.

Cedo Mok

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, на Лаловиќ му додели придогна плакета.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО