Упорноста и фанатизмот му носат успеси на Александар Неделковски, а тоа се очекува и на Светското првенство во Шпанија

Ниту далечината ниту пеколните горештини не го спречуваат Александар Неделковски два пати во денот да патува од Сарај до Автокоманда во Скопје (пат од 18 километри во еден правец) и да вежба со својот тренер Мирче Јанушевски, се со една цел – максимална подготовка за Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година на Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 октомври.

Неделковски е еден од најдобрите млади изведувачи на кати во нашата земја, а пред се го краси упорноста и фанатизмот за работа. Успешно го заврши карате кампот на КК Металург во Сутоморе, Црна Гора, а веднаш потоа со Јанушевски се оддадоа на напорна работа, која треба да резултира со медал на Светското првенство во Шпанија.

Да потсетиме дека Неделковски во 2013 година е блакнаски првак за деца, а потоа светски шотокан првак и девет години е државен првак, така што сега на ред се оние најзначајните, светските и европските.

Верата во успехот секогаш завршува со награда.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО