Странските медиуми синоќа дојдоа до информации дека поранешниот борец на УФЦ и на Прајд, Амар Сулоев, починал овој понеделник како последица на четврто ниво на рак на желудникот.
Сулоев почина во 39-та година од животот. Неговата професионална кариера траеше од 1999 – 2008 година и во текот на овој период тренираше и во друштво на великаните како Федор Емилијаненко. Дебито во ММА го направи под покровителство на М-1 Глобал организацијата, а во УФц се бореше Чак Лидел и Фил Барони.
Приказната за овој ерменскиот борец дефинитивно спаѓа во категоријата на оние- филмските. Зад Сулоев ескорот од 24 победи и седум порази, при што 20 пати славеше со прекин. Од талентиран борец кој настапуваше во најпознатите арени во светот, стигна до обвинителна клупа, како еден од осомничените за обид за убиство на рускиот политичар Николај Нестеренко. Поради тоа беше уапсен во 2013 година, а следните три години ги поминува зад решетки и по судовите, заедно со уште петмина други осомничени.
Во текот на овој процес Сулоев имал сериозни здравствени проблеми, а дополнително е востановено дека страда од рак на желудникот. Поради овие информации, во февруари оваа година беше ослободен со кауција и неговиот случај бил одвоен од остатокот од т.н. „Зиринова банда”. По излегувањето од затвор деновите ги поминува во болница во една болница во Москва, а минатата недела, знаејќи дека крајот е близу, побарал преместување во неговиот роден град Анапа.
Само неколку дена подоцна, тој ја загуби битката, а денеска ќе биде погребан во Анапа. Да истакнеме дека во деновите во очи на неговата смрт се појавија сведоци кои понудија алиби за него на денот на обидот за убиство, каде што, наводно, бил возачот.