Украинските служби го следат Ломаченко

Украинските специјални служби го надгледуваат Васил Ломаченко по скандалите што избија последните денови.

Боксерската суперѕвезда беше жестоко критикуван од неговите сонародници откако на социјалните мрежи објави проповед од прорускиот митрополит Лонгинус.

„Ломаченко, како и сите други осомничени за проруски ставови, се предмет на внимание на специјалните служби“, изјавија за Канал 24 од специјалната служба на Украина.

Од почетокот на војната, Ломаченко продолжи да пишува на руски на социјалните мрежи. За разлика од него, другите двајца водечки украински боксери Александар Усик и Александар Хижњак категорично одбиваат да пишуваат или да зборуваат на руски.

Ломаченко се приклучи на одбраната на својата татковина на почетокот на непријателствата, пишува Спортс џангл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО