Украински боксерски шампион е убиен на фронтот

Двократниот шампион на Украина во олимпискиот боксерски ринг – Олег Прудки загина на фронтот во својата татковина. 30-годишниот борец беше жртва на руски напад во неделата. Според информациите, тој бил дел од 4-член тим на специјалните полициски единици на Черкаси, кои биле убиени во друга престрелка во источна Украина.

Прудки беше дел од репрезентацијата на својата земја речиси една деценија. Се има борено и во полупрофесионалната серија на ВСБ, не успевајќи да ја развие кариерата на повисоко ниво. Украина известува дека тој остава сопруга и две деца.

„Тие ја бранеа Украина – загинатите полициски херои од регионот Черкаси. Во нашите сеќавања ќе останат чесните и принципиелни луѓе, добри пријатели и колеги на кои би можеле да сметаме“, се вели во соопштението на локалната полиција.

Војната во Украина започна пред точно три месеци. Десетици илјади загинаа откако руската армија влезе во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО