Хорхе Масвидал: Сопругата на Переира прва ми напиша

Ѕвездата на УФЦ во полусредна категорија, Хорхе Масвидал, негираше дека ја задева сопругата на Мишел Переира.

Минатиот викенд во Лас Вегас Переира го победи Сантијаго Понзинибио. „Демолидор“ влезе во серија од 5 последователни победи и го предизвика Масвидал. Тој изјави дека Хорхе и пишувал на неговата сопруга на социјалните мрежи. Затоа Мишел сака да се пресмета во кафезот.

Најлошото копиле во УФЦ зема збор и откри дека тој не и пишувал на сопругата на Переира, туку таа му напишала. Сопругата на Переира двапати му пиша на Масвидал, кој и одговори неколку дена подоцна.

„Овој идиот Мишел Переира ја користи сопругата со надеж дека еден ден ќе се бори со мене за да заработи пари.

Тој создава лажна приказна, иако гледа дека таа прво ми напиша. Им посакувам добар брачен советник“, напиша Масвидал на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО