УФЦ реагираше на тужбата на борците!

ufc lova

Не се чекаше долго време на реакцијата на водачите на УФЦ, откако група борци поднесоа тужба против ММА промоција, поради нелегално правење на монопол, кој ќе биде штетен за борците и нивната заработувачка.

 Џон Фич, Чунг Ле и Нејт Кјуери се предводници на незадоволните кои одлучија правдата да ја бараат на суд. Тие одллучија нивната битка од октагон да ја преселат во судот, а по прес –конференцијата на која ги објаснија причините за нивната постапка се огласи и УФЦ.

 „УФЦ е свесен за сè, но, сепак, се уште не сме ја добиле тужбата, ниту пак сме имале можност да ги видиме документите. УФЦ цврсто ќе се брани себе и својата деловна политика“, кратко соопштија од УФЦ.

 Новата битка почна и нема сомневање дека ќе привлече големо вниманието на публиката на ММА и на УФЦ борбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО