УФЦ потпиша нов договор со руската телевизија

УФЦ го продолжи присуството во рускиот телевизиски етер, потпишувајќи нов договор со локалниот телевизиски канал Меч ТВ.

Новиот договор меѓу УФЦ и руската телевизија ќе се стартува од настанот УФЦ 209, што логично е од огромен интерес за Русите поради дуелот меѓу Хабиб Нурмагиомедов и Тони Фергусон.

„Процесот на преговорите беше тежок. Благодарни сме на партнерите, кои покажаа интерес УФЦ да се емитува во Русија во 2017 година. Забележаваме зголемен интерес за УФЦ, не само кај медиумите, но и меѓу гледачите. Веруваме дека дуелот на Хабиб Нурмагомедов ќе придоенсе за уште поголем интерес кај навивачите“.

Хабиб ќе се бори за привремената титула во лесна категорија на УФЦ, а и за можноста да се сретне против шампионот Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО