УФЦ му понудил 400.000 долари на Марк Хант да се повлече, но…

Mark Hant so krenati race

Марк Хант се откажал од 400.000 долари за да се повлече од УФЦ и да започне нова фаза во животот.

Во интервју за „Дејли телеграф“ претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека му упатиле предлог на Хант, затоа што сметаат дека тој веќе доволно направил и дека му е време да се повлече.

Како што е познато, Хант го одби овој предлог, и до ден-денешен се бори во УФЦ. Вечерва тој ќе се бори со Френк Мир во Австралија.

Предлогот е направен во времето кога УФЦ го купуваше Прајд, а Хант имал договор со јапонската организација. Вајт бил убеден дека борецот ќе ја прифати великодушната понуда, особено откако направил пет порази по ред.

Еве што вели Вајт:

„Бев убеден дека ќе се согласи со 400 илјади долари на сметката и ќе се повлече, но го добив следниот одговор од Хант: „Нема зошто да се случи тоа, обожавам да се борам. Тоа сум јас“..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО