Брус Ли: 6 совети за самоодбрана (ВИДЕО)

bruce-lee

Брус Ли е најпознатиот мајстор на боречките вештини на сите времиња.
Неговите размислување за боречките вештини и нивниот развој беа пред своето време.
Во својата книга „Д’Тао оф кунг фу“ даде шест совети за самоодбрана.
1. Самоодбраната не е забавна.
Ли ја разбива илузијата дека самоодбраната изгледа така што ќе повредите друго лице без пролеана пот. Вистината е, може само да се надевате дека ќе избегнете посериозни повреди.
„Вашата одговорност е силно да борите за да избегнете сериозни повреди и треба да очекувате дека ќе бидете повредени“.
2. Апсолутно не обраќајте никакво внимание на неговата големина, ароганција, бесно грчење на лицето или зол јазик.
Го гледаме тоа цело време, постојат луѓе кои сакаат да заплашуваат со изгледот. Тие изгледаат и се облекуваат на одреден начин за да се чини дека го плашат секого. Но, имајте на ум дека нивниот изглед нема никаква врска со нивната способност да се борат или се бранат.
3. Ако се двоумите или застанете, посилна личност има прилика да ја искористи својата моќ.
Работата со нозе треба да биде составен дел на секој тренинг. Ако научите да се движите, со текот на времето ќе го изморите противникот.
4. Правете што е можно поголема врева.
Способност да викате, врескате или едноставно да го користите сопствениот глас на експлозивен начин би требало да биде дел од вашиот тренинг за самоодбрана, бидејќи таквите работи обично успеваат да го заплашат прекршителите на законот.
5. Изгледите за напад може значително да се намалат ако сте внимателен додека се одите, особено во текот на ноќта и во изолирани места.
Знаеме дека ова е работа на здравиот разум, но и ќе се изненадите колку многу луѓе го забораваат тоа. Секогаш имајте на ум дека ако се сами шансите за напад се големи и затоа не треба да слушате музика или да зборувате на телефон. Останете на штрек.
6. Насилниците само се грижат за вашето уништување, затоа тие ретко размислуваат за она што можете вие да го направите.
Кога ќе го ударите напаѓачот неговото его ќе се прибере и ќе почне повеќе да мисли за преживување отколку за победа.

https://youtu.be/XYdcm2DiMnM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО