Се крчка реваншот меѓу Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор на УФЦ 200

Nejt Dijaz go davi Mek gregor

Како што стојат работите во моментов, УФЦ 200 наскоро би требало да ја добие главната борба на вечерта. УФЦ е блиску да договори реванш во велтер категорија меѓу Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор. Ако се оди како што е планирано, промоцијата се надева дека наскоро ќе ја објави и борбата!

Претходно, овој месец, Нејт Дијаз во втората рунда да го порази Конор Мек Грегор со задушување. Мек Грегор првобитно требаше да се бори против Рафаел дош Ањош, кој мораше да се повлече од средбата поради повреда на ногата. Дијаз ја прифати борбата, а само 11 дена пред одржувањето, и тоа се покажа како одличен потег на УФЦ, бидејќи оваа борба постигнато неверојатна гледаност. До таа мерка што оваа борба достигна продажба од 1,5 милиони пеј-пер-вјуа и е рангирана како трета најгледана борбата во УФЦ.

Ова на Мек Грегор му е првиот пораз во осумте УФЦ борби. Победа на Нејт Дијаз му донесе огромна популарност, како и најголема исплата досега, а наплати чек од над половина милион долари.

УФЦ 200 ќе се одржи на 9 јули, Т-Мобиле Арена во Лас Вегас. Борбите кои веќе се објавени за оваа борбена карта се: Тревис Браун – Каин Веласкез и Жерард Мусаси против Дерек Барнсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО