УФЦ издаде соопштение за откажувањето на мечот Нурмагомедов-Фергусон

UFC_JH_20160304_055

По повод откажувањето на борбата Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, УФЦ беше должен да објави официјална соопштение во кое го изнесоа развојот на ситуацијата.

Соопштението, всушност, не донесе ништо што веќе не е познато или се претпоставува.

„Борецот во лесена категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, беше пренесен во болницата Санрајс и медицински центар во четвртокот ноќта, поради здравствени проблеми предизвикани при регулирањето на телесната тежина. Таму е лекуван, по што е отпуштен, откако беше отпуштен, тоа го потврдија и претставниците на УФЦ.

Договорената борба за титулата за привремен шампион во лесна категорија, меѓу Нурмагомедов и Тони Фергусон во УФЦ 209 беше откажана по препорака на лекарот“.

Според некои информации, Хабиб Нурмагомедов во четвртокот попладне, кога го одарботи денот за медиумите и соочувањето со Тони, имаше околу 81 килограм, однонсо до мерењето требаше да симне уште четири килограми. Проблемот беше во тоа што веќе изгледаше доста лошо, па и Фергусон, за време на соочувањето, му посака среќа во симнувањето на тежината. Се чини дека Ел Цуцуј добро ја процени ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО