УФЦ Фајт најт 79: И без Кро Кап одлична приредба во Сеул

Henderson-Masvidal-main

Солидна вечер или за нас попладне во Сеул. УФЦ Фајт најт 79 сепак не разочара. Иако две големи ѕвезди на настанот, Кро Кап и Тијаго Алвеж го откажаа настапот, останатите борци добро ја одработија работата. Бенсон Хендерсон по пет исцрпувачки рунди успешно ја продолжи авантурата во велтер категорија, победувајќи го Жорге Масвидал, а Доминик Вотерс не успеа да го шокира светот и како што се очекуваше беше поразен од Донг Хјун Ким. Јошихирои Аки повторно се врати меѓу губитниците.

Во главната борба на вечерта во Сеул, Хендерсон славеше, иако на разочарување на гледачите последните две рунди одлучи да ги контролира со борење. Сепак, остатокот од „главната карта“ бее експлозивен. Ким ја заврши борбата со атрактивна „рапетие“ позиција, а Чои постигна уште еден одличен нокаут. Но, најдобро бориме на главната „карта“ е можеби онаа меѓу Акијама и Мајн кои ја воодушевија публиката со интересни пресврти и големата срдечност.

УФЦ Фајт најт 79 -резултати

Главни борби

Бенсон Хендерсон – Жорге Масвидал со поделена одлука на судииет, 5-та рунда, 5-0

Донг Хјун Ким – Доминик Вотерс технички нокаут, 1, 03:11

Алберто Мина – Јоширо Акијама- поделен одлука на судиите, 3, 05-00

Doo Хо Чои – Сам Сицилија- нокаут, 1, 1:33

Прелиминарни борби

Донг Јанг – Џејк Колиер- ТКО 2 01:50

Мајк де ла Торе – Јуи Чул Нам поделена одлука на судииите, 3, 05:00

Тае Хјун Бенг – Лео Кунц- поделена одлука на судиите, 3, 05:00

Сео Хе Хам – Кортни Касеи- едногласна одлука на судиите, 3, 05:00

Фреди Серано – Јао Жикуи- технички нокаут (рамо дислокација), 1, 00:44

Марко Белтран – Нинг Гуангју- поделенаодлука на  судиите, 3, 05:00

Доминик Стил – „Маестро“ Донг Хјун Ким- нокаут, 3, 00:27

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО