СЕНЗАЦИЈА: Тајсон Фјури е светски шампион во тешка категорија!

Tajson Fjuri gopobedi Klicko

Нов светски шампион во тешка категорија е Тајсон Фјури, кој во 12 рунди го совлада додегашниот владетел Владмир Кличко, нанесувајќи му го четвртиот пораз во кариерата.

fury pojasevi

Фјури пред 65 илјади гледачи во Дизелдорф, Германија, на ЕСПРИТ арената, ја примени тактиката на Кличко на тактички бокс, кој во поголем дел и беше досаден, но затоа во негово владение се појасите на ВБО, ВБА, ИБО и ИБФ. Денеска мечот беше доведен во прашање од страна на „Циганскиот крал“ поради технички недостатоци на рингот.

Сепак, Кличко заработи многу повеќе од Фјури, однонсо 22,5 милиона евра наспроти 7,5 на Британецот.

Fjuri naostren na Klicko

Но, да тргнеме по ред, како беше во 12 рунди на овој историски меч.

Првата рунда помина во тактичко надмудрување без некоја конкретна акција.

И втората рунда помина во истиот ритам како и првата. Фјури се бореше со спуштен гард, а едно време ги ставаше рацете одпозади, кажувајќи дека Кличко ништо не му може. Но и Кличко не презема некоја акција. Кличко забележа неколку млаки удари во четвртата рунда.

Во петата рунда внесоа малку повеќе живост со по некој разменет удар, но и тоа беше далеку од вистински бокс. Тајсон Фјури водеше повеќе психолошка отколку физичка борба, провоцирајќи го Кличко да наседне и да нападне, но тоа не го виде од Украинецот

За разлика од претходните шест рунди гледавме малку поактивен бокс, при што понеколку удари со левицата Фјури му нанесе повреда на Кличко под левото око, однонсо на јаболчницата. Украинецот возврати со неколку удари, но Фјури провоцираше ствајќи ги рацете одпозади. Британецот се обиде да ги искористи долгите раце во осмата рунда, сепак, повеќе завршуваа во клинч.

Во средината на деветата рунда зададе три прецизни удари со десната рака, а во последната минута и Фјури имаше мала серија, за на карјот Украинецот да зададе уште два удари. До таа рунда резултатот беше 86-86. И десетата рунда беше со ист интензитет. 98-92 за Фјури.

Во едеинаесетата Рунда Тајсон зададе два силни аперкати на 22 секунди пред крајот кои го разнишаа Кличко и 107-101 за Фјури, при што се позабележлива беше повредата на десната аркада на Кличко.

Во полседната рунда и двајцата се трудеа повеќе да бидат во клинч отколку да се борат, Кличко имаше една серија во средината на рундата и кон крајот на борбата уште една. До тој момент судиите му даваа предност на Фјури од 116-111 поени.

Картичките од судиите два пати кажуваа резултат од по 115-112 и еднаш 116-111 (на Фјури му беше одземен еден бод во 11-та рунда), а Мајкал Буфер рече дека светот го има новиот првак-тешкаш.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО