УФЦ 237: Роуз Намахунас против Џесика Андраде (ВИДЕО)

Овој викенд шампионката во сламка категорија Роуз Намахунас се враќа во кафезот и ќе ја брани титулата на гостински терен против Бразилката Џесика Андраде на УФЦ 237. Тие ќе се борат во главната борба во Рио де Жанеиро и во моментов се во серија од победи. Роуз го шокираше светот кога во 2017 година ја нокаутира Јоана Једрзејчик и ја симна од тронот. Во април минатата година повторно влегоа во кафезот, а Роуз по втор пат славеше и влезе во серија од три последователни победи.

Откако дебитираше во сламка категорија Андраде забележа скор од 6-1 во УФЦ. Таа се наоѓа во серија од три последователни победи, а во последената борба во септември минатата година брутално  ја нокаутира Каролина Ковалкиевич. Андраде веќе потроши една шанса за титулата и сега е сè или ништо за неа.

Да потсетиме дека на овој настан настапува и нашинецот Александар Волкановски против домашниот борец и поранешен шампион Жозе Алдо.

Вчера од УФЦ пуштија видео за битката во кое Даниел Кормиер го споделува мислењето за дуелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО