УФЦ ја сака средбата Масвидал-Ковингтон за годинава

Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал оваа година би можеле во кафезот да стават крај на кавгата. Колби Ковингтон неодамна откри дека дал вербална согласност за борбата со „најлошото копиле“ во УФЦ, но Хорхе одбил затоа што не му се допаѓал стилот на Ковингтон.

Двајцата беа блиски пријатели и соборци, но се скараа за титулата во полутешка категорија и имаа голема расправија. Многу обожаватели сакаат да ги видат во кафезот, а Дана Вајт верува дека ова е битката што треба да се води годинава. Во интервју за „The Schmo“, Вајт додаде:

„Не мислам дека Масвидал одбил затоа што не го сака стилот на Колби. Работиме на оваа битка. Ова е борбата што ја сакаме.

Се надеваме дека ќе ја организираме оваа година. Годинава ни претстојат многу големи битки. Се надевам дека ќе решиме некои од нив и ќе почекаме да ги гледаме“.

Минатата година Масвидал загуби од Камару Усман во борба за титулата. Ова ја запре неговата серија од три последователни победи со нокаут. Во меѓувреме, Ковингтон го победи Тајрон Вудли со нокаут во 5-тата рунда во септември 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО