Мајк Тајсон најави нови мечеви во 2021 година

Легендарниот Мајк Тајсон потврди дека ќе се врати во рингот барем уште еднаш во 2021 година откако го напрви првиот боксерски меч по 15 години со Рој Џонс.

Тајсон во ноември го одработи првиот меч по поразот од Кевин Мекбрајд, кој по осум рунди беше нерешен. Средбата Тајсон-Џонс предизвика огромно внимание и доби фантастични 1.6 милиони палти па гледај купувања, иако сите средства одеа во добротворни цели.

„Кога објавив дека ќе се вратам, сите сакаа да се вклучат во тоа. Првото шоу сруши рекорди, сега има уште поголем интерес. Се чувствував добро, се чувствував самоуверено. Можам да го направам тоа и да бидам многу подобар“, вели 54-годишниот Тајсон.

Многу ветерани го предизвикаа Тајсон на нова пресметка, посебно неговиот стар ривал Ивандер Холифилд, од кого загуби во два контроверзни мечеви пред три децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО