УФЦ и посвети извонредно видео на Хабиб и Абдулманап (ВИДЕО)

Овој викенд Хабиб Нурмагомедов се враќа во кафезот. Непоразениот шампион од Дагестан ја заложува неоспорната титула во лесна категорија, како и неговата статистика без пораз. Тој ќе се бори со привремениот шампион во категоријата Џастин Гејџи.

Нивната средба е главна на УФЦ 254 во Абу Даби. За прв пат во кариерата Хабиб ќе се бори без поддршка од неговиот татко, Абдулманап Нурмагомедов, кој почина во јули во Москва по долго боледување.

Организацијата направи убав гест на својот шампион и му посвети специјално видео на него и на неговиот покоен татко. УФЦ создаде анимација што покажува како се развива кариерата на Хабиб под водство на Абдулманап. Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО