Победи на Арсовски и Алиу на Националниот куп во Врбас (ВИДЕО)

163

Македонските млади боксери денска настапија на четвртиот јуниорски Национален куп во Врбас, Србија, и забележаа две победи и два порази.

Петар Арсовски и Енес Алиу извјојуваа победи и ги освоија златните медали, додека Леонард Лима и Хади Шехаби беа поразени.

Резултати:

46 кг Петар Арсовски – Аца Вујинов (Србија)3-0

54 кг Енес Алиу – Дамир Јајиќ (Србија) победа

50 кг Леонард Лима – Вукашин Тепиќ (Србија) 0-3

52 кг Хади Шехаби – Матија Петровски (Србија) 1-2