Александар Волкановски е подготвен за Ортега

Шампионот во лесна категорија Александар Волкановски е подготвен да ја одбрани титулата против Брајан Ортега.

Изинатиов викенд во Абу Даби го видовме Ортега како се справи со Корејското зомби и се враќа на победите. „Т-Сити“ дојде по тежок пораз од Макс Холовеј, кој му нанесе сериозни повреди во нивната битка за титулата.

Ортега мораше да помине неколку операции, но при враќањето изгледаше многу подобро отколку порано. 29-годишниот борец заврши 10 од неговите битки и заработи уште една шанса за титулата. На социјалните мрежи, Волкановски беше импресиониран од Ортега и рече дека е подготвен да го сподели октагонот со него.

„Тие се бореа трпеливо и мудро. Знаеја дека станува збор за голема работа. Брајан Ортега изгледаше добро. Различно е да се бориш пред празни трибини, а на Јунг очигледно му е тешко да го прави тоа.

Конечно, имаме одредена насока во категоријата. Ортега влезе во кафезот и заслужи да биде предизвикувач. Само тоа сакав“, напиша Волкановски.

https://www.instagram.com/p/CGb72daggMk/?utm_source=ig_embed

Волкановски е во серија од 19 последователни победи од кои 14 се со завршница. Тој ја освои титулата со победа над Холовеј на крајот од минатата година и во јули годинава ја одбрани со нова победа над Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО