УФЦ ги објави петте најдобри нокуати до сега во 2020 гоидна (ВИДЕО)

УФЦ ги избра петте најимпресивни нокаути до сега во рамките на нивниот октагон во 2020 година.

Поминавме во првата половина на турбулентната и ретко драга 2020 година, а во текот на овој период се одржаа 16 настани на најголемата светска ММА промоција, осум пред и осум по паузата заради пандемијата на коронавирус и болеста КОВИД-19.

Од тие 16 настани, УФЦ ги избра петте најдобри нокаути, а интересен факт е дека само еден од нив е направен во првиот дел од годината. Станува збор за Јан Блахович и неговата победа над Кори Андерсон. Останатите четворица се случија без публика во салата, па дури два доаѓаат од ист настан. Всушност, од иста категорија. Ако внимателно го следите УФЦ, не е тешко да погодите кои се тие два. За преостанатите две најдобро е да го гледате видеото.

УФЦ освен тоа прашува кого би го вклучиле во вашиот Топ 5. Затоа, ние ве покануваме да го оставите вашиот коментар подолу во делот за статиите на нашата официјална страница на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/657661484820131/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО