УФЦ Сиетл со официјална борбена карта од 11 борби
Во главната борба двократниот шампион во средна категорија Израел Адесања ќе се соочи со опасниот нокаутер Џо Пајфер. За Адесања ова ќе биде клучен камбек, додека Пајфер ќе го добие најголемиот предизвик во кариерата досега.

УФЦ официјално ја објави целосната борбена карта за претстојниот настан на УФЦ во Сиетл, кој ќе се одржи на 28 март во Климат плеџ арената. Гала настанот содржи 11 борби, а двајца поранешни шампиони на организацијата ќе ја предводат програмата.
Во главната борба двократниот шампион во средна категорија Израел Адесања ќе се соочи со опасниот нокаутер Џо Пајфер. За Адесања ова ќе биде клучен камбек, додека Пајфер ќе го добие најголемиот предизвик во кариерата досега.
Во коглавниот настан, поранешната шампионка во мува категорија Алекса Грасо ќе се соочи со ѕвездата во подем Мејси Барбер, судир со потенцијални импликации за титулата.
Интересна борба се појавува и во тешката категорија, каде што искусниот Марчин Тибура ќе се обиде да ја запре серијата спектакуларни победи на Волтер Вокер. Локалните фаворити Чејс Хупер и Мајкл Киеза исто така ќе влезат во октагонот пред домашна публика.
По импресивниот нокаут во дебито, соборецот на Алекс Переира, Јусри Белгаруи, ќе се соочи со непоразениот Мансур Абдул-Малик, а Навахо Стерлинг ќе го брани совршениот скор од 8-0 против Бруно Лопез.
УФЦ Сиетел комплетна борбена карта:
Израел Адесања – Џо Пајфер
Алекса Грасо – Мејси Барбер
Марчин Тибура – Волтер Вокер
Чејс Хупер – Ленс Гибсон Јуниор
Мајкл Киеза – Карлстон Харис
Навахо Стерлинг – Бруно Лопез
Мансур Абдул-Малик – Јусри Белгаруи
Кејси О’Нил – Габриела Фернандез
Џулијан Ерос – Леријан Даглас
Жу Кандзи – Марсио Барбоса
Керол Форо – Стефани Лучијано
Силниот состав ветува спектакуларна вечер во Сиетл и важни пресметки во неколку дивизии.



