Илија Топурија се враќа на тренинзите
„Шампионот се врати!“ – напиша Топурија, без да додаде повеќе детали.

Актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, објави нова објава на социјалните мрежи, јасно алудирајќи дека се враќа во целосен процес на тренирање.
„Шампионот се врати!“ – напиша Топурија, без да додаде повеќе детали.
View this post on Instagram
Во последните месеци Топурија беше надвор од активниот спортски ритам поради долготраен правен спор со неговата поранешна сопруга Џорџина Ускатеги Бадел. Претходно, весникот „Марка“ објави дека двете страни веќе постигнале договор, што очигледно му овозможило на борецот повторно да го насочи вниманието кон својата кариера.
Последната борба на Топурија беше во јануари 2025 година, кога се соочи со Чарлс Оливеира и го нокаутира во првата рунда за да го консолидира статусот на шампион. Во моментов, Илија Топурија има совршен професионален скор – 17 победи во 17 натпревари.



