УФЦ се обидува да го избрише Френсис Нгану од историјата?

Френсис Нгану ги оспори тврдењата на УФЦ за нивниот прв камерунски борец.

Организацијата на Дaна Вајт тврди дека нивниот прв камерунски борец се натпреварувал на УФЦ Вегас 78. Сепак, поранешниот камерунски шампион Нгану има мал проблем со тоа. Доста често УФЦ беше критикуван дека се обидува да го игнорира своето минато.

Борбата на УФЦ Вегас 78 помеѓу Еј Џеј Добсон и Тафон Нчукви уште еднаш покажа дека УФЦ заборава на своето минато. На излезот до кафезот продукцискиот тим објави натпис во кој се наведува дека Нчукви е единствениот Камерунец во историјата на промоцијата.

Фановите веднаш истакнаа дека тоа не е вистина. Всушност, Рамо Сокују е првиот Камерунец во УФЦ, а Нгану е втор. „Предаторот“ не сакаше да остане во УФЦ и очигледно организацијата прави се за да го изнервира.

„Не дозволувајте да лажат и да ја избришат историјата“, напиша Нгану на социјалните мрежи.

Френсис ја одби примамливата понуда од УФЦ да стане слободен агент. Сакаше да биде слободен затоа што се чувствуваше како роб во УФЦ. Денес тој е борец на ПФЛ и во октомври ќе го има боксерското деби против Тајсон Фјури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО