УФЦ донира милион долари за погодените на Хаваи

Дана Вајт организира распродажба на маици, од кои приходите ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Потсетуваме дека на почетокот на август на хавајскиот остров Мауи започнаа шумски пожари, притоа над 99 лица го загубија животот. Стотици луѓе се водат како исчезнати. Смртоносниот пожар на островот Хаваи предизвика штета од над 5,5 милијарди долари.

„Донираме еден милион долари за помош на погодените на Хаваи, како и 100 отсто од приходите од продажбата на маиците. Поддржете ги Хаваите“, напиша Вајт на социјалните мрежи.

Во градот Лахаина до темел изгореа повеќе од 2.200 згради. Потврдена е смртта на речиси 100 луѓе. 1.000 се уште се водат како исчезнати.

Со толку многу жртви пожарот стана најлошата природна катастрофа што ги погоди Хавајските острови, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО