Чатри Ситјодтонг е подготвен да се бори со Дана Вајт

Претседателот на ОНЕ Шампионатот Чатри Ситјодтонг е возбуден поради потенцијалната борба меѓу Илон Маск и Марк Цукерберг.

Во последните недели двајцата милијардери не престануваат да зборуваат за меѓусебна пресметка. Ситијодтонг сака да се бори на евентуалниот настан што ќе ги спротивстави Маск против Цукерберг. Чатри планира да се соочи со својата ривал Дана Вајт.

Чатри има работено како мај тај тренер и има кафеав појас во бразилско џиу-џицу. Тој има направено близу 30 борби во мај тај и дефинитивно ќе биде голема закана за Дана Вајт доколку дојде до таква борба.

„Марк, ајде да ја направиме оваа битка! Предлагам ОНЕ-УФЦ. Јас ќе се борам со Дана Вајт во коглавната битка, а вие ќе се борите со Елон Маск во главната борба.

Како што реков претходно, подготвен сум да одам на ONE против УФЦ во секое време. Ако Марк и Илон сакаат да се борат во Колосеум во Италија, тогаш јас и мојот тим сакаме да се случи тоа“, рече Чатри за Саут Чајна морнинг пост“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО